Министерството за транспорт и врски објави тендер за подготовка на физибилити студија за развој на дистрибутивните мрежи за природен гас во земјава. Тендерот се објавува во ситуација кога во првото тромесечје од годинава се очекува да започнат градежните работи за изградба на магистралната гасоводна мрежа во Македонија, откако во декември беше завршена мисијата на руската компанија Стројтрансгазз, која ја доби изградбата на оваа мрежа без тендер. Реално би било во првиот квартал од наредната година да започнат градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа од Клечовце до ТЕЦ Неготино. Од друга страна, пак, тендерот се објавува и во ситуација кога во Струмица и Куманово веќе се изградија локални дистрибутивни мрежи за природен гас, а истото се очекува и во скопската Општина Карпош, односно во општините каде што градоначалниците се од редовите на опозицијата.
Министерството за транспорт и врски објави тендер за подготовка на физибилити студија за развој на дистрибутивните мрежи за природен гас во земјава.
Тендерот се објавува во ситуација кога во првото тромесечје од годинава се очекува да започнат градежните работи за изградба на магистралната гасоводна мрежа во Македонија, откако во декември беше завршена мисијата на руската компанија Стројтрансгазз, која ја доби изградбата на оваа мрежа без тендер.
- Реално би било во првиот квартал од наредната година да започнат градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа од Клечовце до ТЕЦ Неготино - рече во таа прилика министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Од друга страна, пак, тендерот се објавува и во ситуација кога во Струмица и Куманово веќе се изградија локални дистрибутивни мрежи за природен гас, а истото се очекува и во скопската Општина Карпош, односно во општините каде што градоначалниците се од редовите на опозицијата.
- Странскиот консултант, кој ќе ја добие зделката, физибилити студијата треба да ја заврши во рок од 8 месеци од добивањето на зделката, а од него се бара и да достави банкарска гаранција во износ од 3 отсто од износот што го бара. Министерството сметката за оваа зделка најавува дека ќе ја плати во рок од 30 дена по завршувањето на студијата, а таа би требало да изнесува до износот од 3,9 милиони евра, колку што за оваа намена се предвидени во годинешниов буџет - јави порталот Буилд.мк, повикувајќи се на извори од Министерството за транспорт и врски.
Добитникот на тендерот ќе биде одреден преку електронска аукција, а краен рок за доставување на барањата за учество на тендерот е 4 март 20123 година до 11.15 часот.